Dilara Hamit
17 Октомври 2019•Ажурирај: 18 Октомври 2019
МЕЛБУРН (AA) – Двајца новозеландски полицајци се одликувани со „Орден за храброст“ за апсењето на сторителот на мартовските напади врз двете џамии во Крајстчрч, јавува Anadolu Agency (AA).
На полицајците признанија им врачи премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, на приватна церемонија што синоќа е одржана во Велингтон.
Наградата е доделена на предлог на Здружението на полицајците на Нов Зеланд, кое бараше во медиумските извештаи да не се откриваат имињата на полицајците за да не се загрози судењето кое е во тек.
Во соопштението на Здружението се наведува дека полицајците се горди што чесно ја вршеле својата работа и што заедницата го препознала тоа и го поздравила. Посебно им е драго што со својата работа спречиле потенцијални нови напади и нови жртви.
Австралиецот Брентон Тарент на 15 март изведе вооружени напади врз џамиите „Нур“ и „Линвуд“ во кои се убиени 51, а ранети 49 лица, меѓу кои имаше повеќе жени и деца.
Тарант е уапсен во полициска потера и во тек е судска постапка против него.