Zehra Ulucak
11 Јануари 2017•Ажурирај: 11 Јануари 2017
ЈАНГОН (АА) – Во северниот дел од Мјанмар, во државата Кашин, 3.000 лица беа принудени да ги напуштат своите домови поради судирите што избувнаа меѓу безбедносните сили и Армијата за независност на Кашин (КИА), етничка вооружена група, јавува Anadolu Agency (AA).
Активистот Кхон Ja од Кашин изјави дека од викендот досега, 3.000 лица ја преминаа границата со Кина, бегајќи од воздушните напади и насилните судири што избувнаа во државата меѓу безбедносните сили и Армијата за независност на Кашин (КИА).
Во операција што ја спроведе армијата на Мјанмар во понеделникот, во Кашин се заземени 4 седишта на вооружената етничка група, а седуммина бунтовници се убиени.
Владата на Мјанмар на почетокот на минатиот месец соопшти дека гратчето Монгкое е земено под контрола на армијата. Во изјавата беше соопштено дека по воената интервенција на армијата, со тешко оружје и хеликоптери, групата на Северната алијанса се повлекла од областа. Примирјето меѓу раководството на Мјанмар и бунтовниците од Кашин беше прекинато во јуни 2011 година, по 17 години од воспоставувањето, кога повторно започнаа судирите. Поради судирите, десетици илјади лица беа принудени да ги напуштат своите домови. Етничките групи во државата бараат поголема автономност поради што дејствуваат со оружје против централната власт и армијата.
Специјалниот известувач за човекови права при ОН, Јангхи Ли, вчера беше спречен да ја истражи состојбата во државата Кашин.