Sayed Khodaberdi Sadat
11 Јануари 2017•Ажурирај: 11 Јануари 2017
КАБУЛ (АА) - Во последните седум дена во Авганистан е забележан пораст на насилствата. Имено, евидентирани се седум напади во кои загинале 88 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Пред седум дена, во југоисточниот дел на земјата е забележан напад на конвој од безбедносните сили на Авганистан, а во тој инцидент загинаа шест лица, додека осуммина се ранети.
Пред шест дена во покраината Фарџаб е извршен самоубиствен бомбашки напад во кој покрај напаѓачот загина уште едно лице.
Во северниот дел од земјата, во покраината Баглан напаѓач пред четири дена отворил оган на група рудари, при што загинале 13 лица.
Талибанците пред два дена по покраината Забул убија четири припадници на безбедносните сили на Авганистан.
Вчерашниот самоубиствен напад во покраината Хелманд однесе осум животи. Исто така, вчера е извршен двоен напад во Авганистан, а во него загинаа 45 лица, а пак 157 се повредени.
Бомбашкиот напад што вчера беше извршен на јужниот дел од земјата, во покраината Кандахар однесе 11 животи, меѓу кои и дипломати на Обединетите Арапски Емирати (EAE).
За четири од седумте напади, одговорност презедоа талибанците, а сè уште не се знае кој стои зад останатите три напади.