Handan Kazancı
21 Декември 2018•Ажурирај: 22 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Над 17.000 припадници на терористичката група ФЕТО поднесоа барања за азил во европските земји од октомври 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).
„Германија и Грција се меѓу првите земји на ЕУ, каде што осомничените припадници на терористичката група ФЕТО побараа азил по обидот за пуч“, вели турски официјален претставник, кој зборуваше под услов да остане анонимен.
„Осомничените припадници на ФЕТО го сочинуваа најголемиот дел од барателите на азил, по кои следуваше терористичката група ПКК“, додаде изворот.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а беа ранети речиси 2.200.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за рушење на државниот поредок преку нејзино инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и правосудството.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои има и жени и деца. ЈПГ е нејзин сириски огранок.
Според бројката, пред обидот за пуч во 2016 година речиси воопшто немало барања за азил од Турција во земјите на ЕУ, но две години по пучот, барањата биле речиси над 17.300.
Во моментов ЕУ ја наведува Турција меѓу првите земји на потекло на барателите на азил, заедно со Сирија, Ирак, Авганистан, Иран, Пакистан, Нигерија, Албанија и Венецуела.
Изворот додава дека некои турски граѓани кои веќе имаат дозволи за престој во земјите на ЕУ каде што живеат, не аплицирале за азил.
Агенцијата за статистика на ЕУ соопшти: „Стапката на нерешени случаи за турските баратели значително се зголеми во текот на изминатите шест месеци, од 10.623 отворени случаи на крајот на мај, на 17.332 случаи во тек на крајот на октомври“.
Според изворот, зголемувањето на бројот на турски баратели на азил во земјите на ЕУ може да му наштети на процесот за визна либерализација меѓу Турција и блокот.
Според договорот за реадмисија меѓу ЕУ и Турција, потпишан во март 2016 година, Анкара треба да ги прифати сите нелегални баратели на азил кои стигнуваат до грчките острови од Турција.
Визната либерализација за турските граѓани кои патуваат во земјите на Шенген зоната е едно од клучните ветувања на ЕУ во рамките на договорот.