Eshat Fırat
15 Декември 2017•Ажурирај: 16 Декември 2017
КУДС (АА) - На хутбето (предавање за време на петочната молитва) во џамијата Ал Акса беше осудено американското признавање на Кудс за „главен град на Израел”, истакнувајќи дека САД со тоа ги негира правата на Палестинците, јавува Anadolu Agency (AA).
На хутбето за време на петочната молитва (џума намаз) во џамијата Ал Акса, која се наоѓа во подрачјето на Стариот град во Источен Кудс, кој е окупиран од страна на Израел, имамот Исмаил Навахде рече:
„Изминаа 100 години од Балфарофата декларација која им ветува земја на оние на кои таа не им припаѓа. На 50. годишнината од окупацијата на Кудс, САД ги негира правата на муслиманите и Палестинците и го признава овој свет град за главен град на Израел”.
Во својот говор имамот вели дека Арапите и муслиманите на Кудс ќе продолжат да живеат во градот, истакнувајќи: „Се надеваме дека исламскиот свет ќе реагира на одлуката на САД и дека реакцијата ќе се отслика на теренот”.
Реагирајќи на прекршувањата кои Израел ги прави врз Ал Акса и Кудс, имамот Невахде порача: „Кудс е клуч на мирот и војната”.
Американскиот претседател Доналд Трам на 6. декември донесе одлука за признавање на Ерусалим (Кудс) како главен град на Израел, како и преместување на американската амбасада од Тел Авив. Потоа следуваа бројни протести ширум Западниот брег и на границата со Газа во која, за време на интервенциите на израелските сили е повреден голем број Палестинци.