Tayfun Salcı
15 Декември 2017•Ажурирај: 16 Декември 2017
ЛОНДОН (АА) - Британскиот престолонаследник принцот Хари и американската актерка Меган Маркл ќе се венчаат на 19 мај, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението кое го објави кралсткото семејство се вели дека венчавката на принцот Хари и Маркл ќе се одржи на 19 мај во црквата Св. Џорџ во замокот Виндсор.
Замокот Виндсор кој потекнува од 11. век сѐ уште се користи од страна на Кралицата Елизабета Втора како нејзино живеалиште.
Покрај тоа, во замокот се наоѓа црквата Ст. Џорџ, во која е извршена венчавката на голем број членови на кралското семејство, а е пзната и по тоа што тука ќе биде погребана сегашната Кралица Елзиабета Втора.
По минатомесечното соопштение дека е извршена веридба на принцот Хари, беше соопштено дека парот по венчавката ќе живеат во палатата Кенсингтон.
Принцот Хари (33), како еден од омилените ерген во светот на познатите, со својот приватен живот, често беше цел на папараците.
Принцот Хари е вториот син на принцот Чарлс и принцезата Диана, која 1997 година го загуби својот живот во сообраќајката во Париз. Во престолонаследничката хиерархија, Хари се наоѓа како петти по ред.
Меган Маркл (36) по професија е актерка.