Riyaz Khaliq Khaliq
07 Декември 2021•Ажурирај: 08 Декември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на загинати во ерупцијата на вулканот Семеру во индонезиската источна покраина Јава се искачи на 34, јавија локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според „Антара њуз“, околу 34 лица го изгубиле животот, а 16 се водат за исчезнати. Операциите за потрага и спасување се во тек.
Во саботата, Семеру, највисокиот и најактивниот вулкан на островот Јава во Индонезија, исфрли густи облаци од чад и пепел, предизвикувајќи паника меѓу жителите.
Официјален претставник на регионот Лумаџанг рече дека четири тимови за евакуација работат на лоцирање на исчезнатите лица, бидејќи топлите облаци погодија голем број жители во регионот.
Планината Семеру, што се наоѓа на 3.676 метри надморска височина, претходно еруптираше во декември 2020 година и јануари оваа година.
Индонезија, дом на архипелагот на речиси 275 милиони луѓе, се наоѓа покрај пацифичкиот „Огнен прстен“, област со неколку раседни линии, што ја прави подложна на чести вулкански активности и земјотреси.