Mahmut Atanur
30 Декември 2019•Ажурирај: 01 Јануари 2020
ЏАКАРТА
Во Индонезија еруптираше вулканот Анак Кракатау, кој се наоѓа на западниот брег на Јава, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за вулканологија и намалување на геолошките непогоди (PVMBG) соопшти дека пепелот и чадот од вулканот Анак Кракатау достигнале висина од 2.000 метри од кратерот.
Индонезиските официјални лица истакнаа дека како резултат на експлозијата продолжува алармантната состојба од второ ниво и повикаа да нема активност во областа со радиус од 2 километра околу кратерот на вулканот.
Од друга страна, од малата експлозија што се случи вчера во вулканот висината на пепелот и чадот достигна до 200 метри.
Индонезија се наоѓа во земјотресниот и вулкански појас наречен „Пацифички огнен прстен“, и во оваа земја има 130 активни вулкани.