Ekipa
30 Декември 2019•Ажурирај: 31 Декември 2019
ВАЈТ СЕТЛМЕНТ
Во пукотница до која дојде во тек на црковна миса во Тексас убиени се двајца верници и напаѓачот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Полицијата соопшти дека до вооружената престрелка дошло во предградието на градот Форт Ворт. Напаѓачот извадил оружје и почнал да пука во насобраните верници.
Откако почнал да пука, напаѓачот е погоден од еден од двајцата чувари на црквата.
Сѐ уште не е познат мотивот за нападот кој траел 6 секунди.
„Овој тим бргу одговори и за 6 секунди пукотницата беше готова. Двајцата чувари од тимот за обезбедување, кои беа волонтери, употребија оружје и го запреа убиецот, спасувајќи голем број животи“, изјави потполковникот Ден Патрик.
Властите информираа дека во моментот на нападот во црквата „Вест Фривеј“ се наоѓале околу 240 луѓе.