Aldıjana Hadzıc
12 Август 2019•Ажурирај: 13 Август 2019
БОГОР
Седум деца од Богор во Индонезија штеделе пари во текот на годината за да купат курбан за Бајрам, јавува Anadolu Agency (AA).
Децата на возраст од 8 до 18 години во период од 10 месеци одделувале пари, со кои купиле крава за Курбан бајрам.
Мухамад Антони (12) е едно од децата, а својата приказна ја сподели со новинарот на АА.
Антони изјави дека идејата дошла во септември минатата година од заедничкиот пријател Абу Бакар Сидик (13).
Тогаш се договориле секој од нив да штеди речиси 10 месеци. Индонезиските 10.000 рупии имаат вредност од 0,7 долари.
Тој призна дека на почетокот биле 13 деца и планирале да купат 2 курбана, но само 7 деца, меѓу кои Антони (12), Абу Бакар Сидик (13), Зилал (11), Сјауки (11), Фаузан (11), Сукатма (12) и Јуди (18) успеале на крајот да заштедат за курбан.
Голема поддршка им беа и родителите. Дури и мајката на Фаузан, Јани Марјани, сакала да им помогне на децата во намерата да соберат пари.
Антони додаде дека до јуни 2019 успеале да соберат 1.477 долари.
Со тие пари купиле крава тешка 425 килограми, која чинела 21 милион рупии, а продавачот им дал попуст, дознавајќи за нивната намера дека се труделе навремено да соберат пари за да купат курбан.
„Ни даде попуст од милион рупии“, рече Антони со насмевка на лицето.
Тој додаде дека нивниот успех да купат курбан бил поттик и за други деца, а веќе 14 деца започнале да штедат за да можат следната година да купат курбан.
Сјам Макмур, родител на едно од седумте деца, рече дека се гордее со одлучноста на децата.
Тој додаде дека нивните напори биле инспирација и за возрасните.
„Благодарен сум им и се гордеам на нивната идеја. Ниту сите родители не се како нив“, изјави Сјам.