Murat Demirci
15 Мај 2016•Ажурирај: 16 Мај 2016
НИКОЗИЈА (АА) - Претседателот на Турската Република Северен Кипар, Мустафа Акинџи и грчкиот лидер Никос Анастасијадис, по повод првата годишнина од започнувањето на преговорите ја истакнаа нивната идна посветеност кон вложување на поголем напор во наредните месеци, со цел пронаоѓање на заедничко, договорно решение до крајот на 2016 година, јавува Anadoly Agency (AA).
Акинџи и Анастасијадис, по повод од првата годишнина од започнувањето на преговорите преку Канцеларијата на Мисијата на добра волја при ОН во Кипар, се произнесоа со изјавата дека нивна заедничка цел е изнаоѓање на решение за обединет Кипар, кој во иднина ќе се грижи за проблемите и правата на сите граѓани подеднакво, во рамките на „победа-победа” за обете страни.
Во заедничката изјава се истакнува задоволството од досегашниот напредок во интензивните преговори во текот на оваа година, потенцирајќи дека ќе биде потребна волја и храброст за решавње на потешкотиите и разликите во ставовите, кои сè уште постојат во однос на некои прашањеа од преговорите.
Беше произнесено следното:
„Измина една година на неуморна посветеност во правец на пронаоѓање на заедничко решение за Кипарското прашање, која ја започнавме на 11-ти февруари 2014 година со заедничката изјава по првата официјална лидерска средба. Во текот на изминатиот период, преговорите ги водевме водејќи сметка за загриженоста на едната и со почит и разбирање на правата и на другата страна. Сакаме да потсетиме за нашата верба во изнаоѓање на праведно и долготрајно решение, кое освен пример за остварување на мир и просперитет во Кипар, истовремено ќе претставува пример за стабилност и соработка и во регионот. Патем, сакаме да ја истакнеме нашата посветеност кон вложување на поголем напор во наредните месеци со цел пронаоѓање на заедничко договорно решение до крајот на 2016 год”.
Преговорите во Кипар, отпочнаа повторно на 15-ти мај 2015 година, по стапувањето на функција на претседателот на Турската Република Северен Кипар, Акинџи, со посредство на специјалниот советник на генералниот секретаријат на ОН за Кипар, Еспен Барт Еиде.