Arif Yusuf,Hamdi Yıldız
05 Октомври 2019•Ажурирај: 06 Октомври 2019
БАГДАД (АА) - Бројот на загинатите во антивладините демонстрации кои се во тек во Ирак, се искачи на 100 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Функционер од Министерството за здравство на Ирак кој побара да остане анонимен поради безбедносни причини, во изјава за АА истакна дека во антивладините демонстрации во Багдад и во повеќе покраини во земјата загинале 100 лица, додека повредени се околу 2.000 лица.
Тој нагласи дека меѓу повредените се наоѓаат лица кои се во животозагрозувачка состојба, и дека повредените не се упатуваат во државните болници поради стравот дека ќе бидат приведени. Поради тоа постои загриженост од зголемување на бројот на жртвите.
Меѓу загинатите има и припадници на безбедносните сили.
Од друга страна, болниците доживуваат проблеми поради недостиг на медицински средства за брза интервенција врз повредените.
Демонстрациите започнаа со барања како подобрување на јавните услуги и вработување, но по острата интервенција на полицијата, како и жртвите, демонстрантите побараа и оставка на премиерот.