Hakan Çopur
05 Октомври 2019•Ажурирај: 08 Октомври 2019
ВАШИНГТОН (AA) - Соединетите Американски Држави (САД) ги укинаа визите за државјаните на Полска, соопшти претседателот Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
По оваа одлука, уште само четири членки на Европската Унија - Хрватска, Бугарија, Романија и Кипар - останаа во визен режим со САД.
Трамп минатиот месец најави дека во следните неколку седмици очекува укинување на визите за Полска, што значи дека нејзините државјани за патување во САД до 90 дена, без оглед дали деловно или туристички, повеќе нема да имаат потреба од виза.
Трамп вчера објави дека Полска и официјално влегла во Американската програма за ослободување од визи (VWP).
Полска така стана 39. земја која е дел од Програмата за ослободување од визи.