Haydar Hadi
03 Јули 2016•Ажурирај: 04 Јули 2016
БАГДАД (АА) – Најновиот биланс од бомбашкиот напад кој се случи во ирачкиот главен град, Багдад, изнесува 84 загинати, и 133 ранети лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информацијата добиена од Здраствениот центар во Багдад, бројот на загинати во бомбашкиот напад, кој се случи во населбата Карада, во центарот на Багдад, се искачи на 84 лица, а бројот на повредени во нападот на 133 лица.
Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација ДАЕШ.
Багдад, поради слабото ниво на безбедност, претставува место на чести напади и насилства.