Haydar Karaalp
02 Јуни 2020•Ажурирај: 03 Јуни 2020
БАГДАД (АА) - Во југозападното подрачје на ирачки Киркук започната е операција против терористичката организација ДЕАШ, јавува Агенција Анадолија (AA).
Портпаролот на Командата за заеднички операции на ирачката Војска, генерал Јахја Ресул, изјави дека операцијата е започната по барање на премиерот Мустафа ал Казими.
Како што рече, операцијата „Хероите на Ирак“ е насочена кон осигурување на стабилноста и безбедноста, и расчистување на тоа подрачје од ДЕАШ.
Терористичката организација ДЕАШ повремено врши напади врз воените трупи околу Киркук.