Haydar Hadi
06 Март 2016•Ажурирај: 07 Март 2016
ЕЛ-ХИЛАХ (АА) - Бројот на загинати во самоубиствениот напад врз контролниот пункт во градот Ел-Хилах во Ирак се искачи на 52, додека бројот на повредени изнесува 100 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Хамди Јасин од Министерството за здравство во Ел-Хилах за новинарот на АА изјави дека во нападот врз контролен пункт на влезот на градот загинале 52 лица, додека 100 други се повредени.
Одговорноста за овој напад ја презеде терористичката организација ДАЕШ.