Ekipa
07 Март 2016•Ажурирај: 07 Март 2016
МЕЛБУРН (АА) - Едно лице е убиено, а две се повредени во утринска пукотница во индустрискиот комплекс во Сиднеј, по што полицијата и преговарачките тимови го опколија подрачјето на кое беше напаѓачот, јавува Anadolu Agency.
Телевисзиската станица ABC извести дека тројца луѓе во југозападниот дел на градот го напуштиле подрачјето и влегле во полициско возило пет часа по инцидентот.
Полицијата претходно соопшти дека во пукањето е убиен 43-годишен маж, додека уште двајца други се ранети со куршуми и префрлени во блиската болница.
Полицијата не сакаше да даде повеќе информации во врска со пукотницата, како и за евентуалните заложници.
Полицијата и понатаму го држи опколено подрачјето каде што наводно се наоѓа напаѓачот.
Во декември 2014 година во Сиднеј за време на утринскиот шпиц напаѓач зазеде кафуле и во него држеше 18 заложници 16 часа, убивајќи тројца од нив.