Haydar Karaalp
01 Декември 2020•Ажурирај: 02 Декември 2020
БАГДАД (АА) - Ирачката администрација соопшти дека официјалните безбедносни сили започнале да го спроведуваат планот за распоредување во центарот на Синџар во Мосул, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Заедничката оперативна команда на Ирак се истакнува: „Планот за распоредување на безбедносните сили во центарот на Синџар е спроведен од силите на ‘Западна Нинова‘, поврзани со нашата команда.“
Се нагласува дека благодарение на планот ќе се осигура безбедноста и стабилноста на областа и ќе им се овозможи на раселените лица да се вратат во своите домови.
„Безбедносните сили ќе продолжат да ја осигуруваат стабилноста во областа Синџар и административните области поврзани со Синџар“, се додава во соопштението на Заедничка оперативна команда на Ирак.
Договорот за Синџар беше потпишан меѓу Багдад и Ербил во октомври. Договорот вклучува отстранување на терористичката организација ПКК од подрачјето.
Според договорот, сите нелегални елементи мора да го напуштат регионот.