Arif Yusuf,Hamdi Yıldız
25 Јуни 2019•Ажурирај: 26 Јуни 2019
ИРАК
Убиени се 14 милитанти на терористичката организација ДЕАШ, во ирачката покраина Киркук, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на Силите за борба против тероризам при Министерството за одбрана на Ирак се наведува дека во Киркук е реализирана операција поддржана од воените авиони на воената коалиција во земјата, во чии рамки се убиени 14 терористи на ДЕАШ, а фатено е и едно лице од лидерскиот кадар на оваа терористичка организација.
Според соопштението, операцијата која била извршена во населбата Вахде, која се наоѓа во центарот на Киркук, траела два дена, а во овие рамки биле запленети поголемо количество оружје и документи на оваа организација.
Во последно време ДЕАШ често врши терористички напади во Дијала, Киркук и Селахадин.
Администрацијата на Багдад во декември 2017 година соопшти дека контролата на териториите во земјата е преземена од рацете на терористичката организација ДЕАШ.