İdris Okuducu
24 Септември 2017•Ажурирај: 25 Септември 2017
ЕРБИЛ (АА) - Иранските артилериски сили го гранатираа пограничниот појас во покраината Ербил кој е управуван од страна на Курдската регионална управа во северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Унијата на курдистанските патриоти (KYB) соопшти дека иранската армија гранатирала села во планинските погранични региони Балекајети и Хаџи Oмеран.
Досега нема информации за последиците од бомбардирањето што се случува во пресрет на спорниот референдум за независност кој го најави Курдската регионална управа во северен Ирак.
Владата, Собранието и Уставниот суд на Ирак забранија одржување на утрешниот референдум, а за неприфатлив го оценија и соседен Иран и Турција, како и остатокот од меѓународната заедница, со исклучок на Израел.
Иран и претходно во неколку наврати го бомбардираше пограничниот појас во северниот дел на Ирак, а како причина за нападите се наведува присуството на курдските сили Пешмерги во тој регион.