Mustafa Melih Ahıshalı
12 Декември 2022•Ажурирај: 12 Декември 2022
ТЕХЕРАН (АА) - Маџид Риза Рахневерд, кој беше осуден на смрт под обвинение за „убиство на двајца припадници на милицијата (Бешиц) и ранување на четири лица“ во градот Машхад за време на демонстрациите во Иран, е егзекутиран, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Раневерд, кој беше обвинет дека за време на демонстрациите во Машхад ги избодел до смрт Хусеин Зејнелзадех и Дањал Ризадех, припадници на милицијата Бешиц на придружената Револуционерна гарда и рани четири лица е погубен на јавно место.
Најмалку 11 лица се осудени на смрт во врска со демонстрациите што започнаа по смртта на една млада жена во ирански притвор и траат веќе три месеци. Меѓу нив е и 23-годишниот Мухсин Шикари, кој беше погубен на 8 декември.
Реакциите на смртните казни во врска со демонстрациите се зголемуваат во Иран и во странство, а Обединетите нации (ОН) ја осудија егзекуцијата на Шикари.