Khalilur Rahman Salahshoor,Mustafa Melih Ahıshalı
09 Јануари 2018•Ажурирај: 09 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Околу 3.700 лица се уапсени за време на протестите и немирите во Иран во последните две недели, јавува Anadolu Agency (AA).
Иранскиот пратеник Махмуд Садики, за новинската агенција „ICANA“ изјави дека од 28 декември во Иран биле приведени околу 3.700 лица.
Тој потсети и на информациите дека меѓу приведените се наоѓаат и досега неутврден број на студенти.
„Во последните настани ширум земјата уапсени се околу 3.700 лица. Пратениците во Парламентот дадоа различни податоци за бројот на приведени студенти. Немаме точна информација. Меѓутоа, претпоставка е дека се работи за меѓу 40 и 68 студенти“, изјави Садики.
Незадоволни од економската ситуација во Иран, демонстрантите во иранскиот град Мешхед започнаа со протести на 28 декември, кои набргу добија антивладин карактер и се проширија и во другите градови низ земјата.
Досега, во нередите на улиците низ иранските градови загинаа најмалку 23 лица, додека над илјада се приведени.