Ekip
09 Јануари 2018•Ажурирај: 09 Јануари 2018
СЕУЛ (АА) - Северна Кореја повторно ја отвори прекинатата воена телефонска линија со Јужна Кореја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тоа го потврди и владата во Сеул, наведувајќи дека телефонската линија во целост ќе биде во функција од утре.
Како што пренесува јужнокорејската новинска агенцијата Јонхап, овој потег укажува на тоа дека двете Кореи оствариле напредок на првиот формален состанок по повеќе од две години.
Договорот е постигнат по состанокот на претставниците на двете влади, кои денес во пограничното село Панмунџом, разговараа за учеството на делегацијата од Пјонгјанг на претстојните Зимски олимписки игри во Јужна Кореја.
Комуникацискиот канал беше прекинат во 2016 година кога додатно се затегнаа билатералните односи меѓу двете земји.