Ali Murat Alhas
05 Август 2019•Ажурирај: 06 Август 2019
ТЕХЕРАН (АА) - Иранските сили вчера во Персискиот Залив заплениле странски танкер за кој е утврдено дека е ирачки, соопшти Иранската револуционерна гарда, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува дека ирачкиот танкер се обидел да прокриумчари 700.000 литри гориво во Заливот, и дека седум странски државјани се приведени.
Бродот е запленет кај островот Фарси, по што е префрлен во пристаништето Бушехр.
Иран минатиот месец заплени британски танкер во стратешки важниот Ормуски Мореуз, откако британската кралска морнарица задржа ирански танкер во близина на брегот на Гибралтар.