Ahmet Dursun
14 Февруари 2018•Ажурирај: 14 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Иран, Џавад Зариф, изнесе тврдење дека страните на разузнавачката служба за време на нуклеарните преговори го прислушкувале неговиот телефон, јавува Anadolu Agency (AA).
Зариф даде интервју за весникот „Cam-i Cem“, кој го издава Иранската национална радио-телевизија.
Во интервјуто, Зариф изјави дека за време на нуклеарните преговори го прислушкувале неговиот телефон.
„Додека траеја преговорите, телефонот понекогаш ми беше жежок како пегла. Со слична ситуација се соочија и другите преговарачи“, истакна шефот на иранската дипломатија, Зариф, нагласувајќи дека тоа јасно укажува на нивото на мешање во внатрешните работи на Иран.
Иран и групата P 5+1 (САД, Русија, Велика Британија, Франција, Кина и Германија), водеа преговори за нуклеарното прашање цели 20 месеци. Преговорите се одржаа во Виена и Женева, а завршија на 20 јули 2015 година.
Тврдењата дека постои прислушкување се изнесени и за време на преговорите, поради што швајцарските власти покренаа истрага. Резултатите од истрагата која траеше 18 месеци покажаа дека нема докази за прислушкување.