Kasım İleri
14 Февруари 2018•Ажурирај: 14 Февруари 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Министерството за одбрана на САД (Пентагон), кој подолг период не прифаќа дека Сириските демократски сили се параван на ПЈД/ПКК во северниот дел на Сирија, соопшти дека Сириските демократски сили (СДС) ќе бидат главниот носител на силите кои ќе се формираат на Ирачко-сириската граница, јавува Anadolu Agency (AA).
По веста на АА во врска со предлог-буџетот на САД за одбраната за фискалната 2019 година, во кој се планирани 250 милиони долари за „гранично обезбедување во рамките на операциите против ДЕАШ“, портпаролот на Пентагон, мајор Адриан Ранкин Галовеј, на оваа тема даде изјава за АА.
„Министерството за одбрана на САД во рамките на буџетот за одбрана за фискалната 2019 година планира средствата во висина од 300 милиони долари да ги намени за борба против ДЕАШ, за обука на припадници на 'скенирани елементи на сириската опозиција', нивно опремување и заштита“, рече Галовеј.
Во подрачјето на Ел Таниф, на северот од Сирија, постојат неколку мали опозициски групи кои САД, заедно со Сириските демократски сили, ги именува како „скенирани елементи на сириска опозиција“.
Мајор Галовеј не даде подетелни информации што сè опфаќа помошта во висина од 300 милиони долари, но призна дека Пентагон посебно одвоил средства во висина од 250 милиони долари за „граничната безбедност” на Сирија.
Во врска со обуката што САД ќе им ја обезбедат на „локалните безбедносни сили”, Галовеј истакна: „Потребно е најитно воспоставување на гранично обезбедување на ирачко-сириската граница која борците на ДЕАШ претходно ја минуваа кога ќе посакаа”.
Галовеј тврди дека обучените сили нема да бидат нова војска или конвенционални единици за зачувување на границите, туку „ќе ги откријат безбедносните дупки на границата кои ДЕАШ може да ги злоупотреби, и ќе помогнат во нивното затворање“.
Anadolu Agency (АА) беше прва која објави дека во Сирија, под водство на ПЈД/ПКК, се подготвува формирање на „Единици за заштита на границите” и „Северна сириска армија“ составена од 30.000 лица.
Кратко време потоа, полковникот Рајан Дилон, портпаролот на коалициските сили предводени од САД, соопшти дека станува збор за гранични безбедносни сили, додавајќи дека во тогашната фаза обучиле 430 лица.
Дилон рече дека овие сили ќе достигнат бројка од 30.000 лица, а проектот ќе биде воден од Сириските демократски сили (параванот на ПЈД/ПКК).
Оваа изјава беше причина за создавање тензии меѓу Турција и САД, по што Пентагон објави дека обучените сили нема да претставуваат конвенционални единици за заштита на границите, туку „Сили за внатрешна стабилност и безбедност“.
Но, по објавувањето на нацрт-предлогот за буџетот и побарувањата во висина од 250 милиони долари за можни надворешни операции, во чии рамки спаѓаат и потребите за обезбедување на границите на Сирија во рамките на операциите против ДЕАШ, може да се забележи дека Пентагон само си игра со терминологијата и имињата и продолжува да го спроведува првообјавениот проект кој предизвика реакции.