Murat Temizer
26 Јуни 2017•Ажурирај: 27 Јуни 2017
AНКАРА (АА) - МУРАТ ТЕМИЗЕР - Иран со 33,5 милјарди кубни метри стана првата земја во светот со најголеми докажани резерви на природен гас, јавува Anadolu Agency (AA)
Најголемите резерви на природен гас се наоѓаат во регионот на Блискиот Исток, 79,4 трилиони кубни метри природен гас (42,5 отсто). По Блискиот Исток следуваат регионите Европа и Евроазија, вклучувајќи ја Русија и Туркменистан со 56,7 трилиони кубни метри пририоден гас, додека во регионот со најмали резерви на природен гас се Средна и Јужна Америка, со 7,6 трилиони кубни метри.
За минатата година, Иран изби на првото место во светот со 33,5 трилиони кубни метри докажани резерви на природен гас. По него следуваат Русија со 32,3 трилиони кубни метри и Катар со 24,3 трилиони кубни метри природен гас.
- САД, земја којашто произведува најмногу природен гас
На глобалните пазари на енергетиката минатата година, Соединетите Американски Држави (САД) со 749,2 милијарди кубни метри станаа земја што произведува најмногу природен гас, односно 21 отсто од понудениот природен гас на светскиот пазар минатата година бил произведуван во САД.
По САД следува Русија со 579,4 милијарди кубни метри природен гас. Иако Иран поседува најголеми резерви на природен гас во светот, оваа земја се наоѓа на третото место, со произведени 202,4 милијарди кубни метри природен гас.
Од аспект на резервите и производството на природен гас во светот минатата година, првите десет земји се следните:
Земји кои поседуваат најголеми резерви на гас
| Количина на природен гас (трилиони кубни метри) |
| Иран | 33,5 трилиони
|
| Русија | 32,3 трилиони
|
| Катар | 24,3 трилиони
|
| Туркменистан | 17,5 трилиони |
| САД | 8,7 трилиони
|
Саудиска Арабија
| 8,4 трилиони |
Обединетите Арапски Емирати
| 6,1 трилиони
|
| Венецуела | 5,7 трилиони
|
| Кина | 5,4 трилиони
|
| Ирак | 3,7 трилиони
|
Земји што произведуваат најмногу природен гас (2016)
| Количество на производство (милијарди кубни метри) |
| САД | 749,2 милијарди |
| Русија | 579,4 милијарди
|
| Иран | 202,4 милијарди |
| Катар | 181,2 милијарди
|
| Канада | 152 милијарди
|
| Кина | 138,4 милијарди
|
| Норвешка | 116,6 милијарди
|
Саудиска Арабија
| 109,4 милијарди
|
| Алжир | 91,3 милијарди
|
| Австралија | 91,2 милијарди
|