Muhammet Kurşun
04 Ноември 2021•Ажурирај: 05 Ноември 2021
ТЕХЕРАН
Иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Али Бакири, истакна дека преговорите за Нуклеарниот договор во Виена, главниот град на Австрија, повторно ќе започнат на 29 ноември, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата на својот профил на Твитер, Бакири наведе дека имал телефонски разговор со Енрике Мора, заменик-генералниот секретар и политички директор на Службата за надворешни односи на ЕУ, во врска со Нуклеарниот договор.
Бакири нагласи дека со Мора се договориле на 29 ноември повторно да ги започнат преговорите за Нуклеарниот договор, „со цел да се укинат американските санкции против Иран“.
Откако Џо Бајден ја презеде функцијата во САД, преговорите за Нуклеарниот договор повторно започнаа на 6 април во Виена, главниот град на Австрија. Одржани беа шест состаноци. Потоа состаноците се прекинаа поради промената на власта во Иран.
Контактите ЕУ - Иран, кои беа прелиминарни разговори за преговорите во Виена, продолжија на 14 октомври откако иранската Влада соопшти дека ќе се врати на преговорите.