Muhammet Kurşun
10 Јануари 2022•Ажурирај: 12 Јануари 2022
ТЕХЕРАН
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Саид Хатибзаде истакна дека преговорите со Саудиска Арабија ќе продолжат под во Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Хатибзаде, на неделната прес-конференција во зградата на Министерството за надворешни работи во Техеран, се осврна на преговорите со Саудиска Арабија и нуклеарните преговори.
Потсетувајќи дека слични преговори со Саудиска Арабија имало и кога беше потпишан нуклеарниот договор во 2015 година, Хатибзаде рече: „На дневен ред е да се одржат следен круг на преговори меѓу Иран и Саудиска Арабија е. Ирак ќе биде домаќин на овие состаноци.“
-„Не сме задоволни од темпото на преговорите во Виена“
Во врска со тековните нуклеарни преговори во Виена, Хатибзаде рече:
„Не прифаќаме никакви вештачки рокови и не сме задоволни од темпото на преговорите. Другата страна загуби многу време во 7. Рунда на преговори, а потоа се согласи да преговара за предлозите на Иран“.
- „Ние во моментот не сме во ситуација на официјално признавање на Талибанците “
Меѓу другото Хатибзаде се осврна и на посетата на талибанската делегација на Техеран, која започна претходниот ден.
Истакнувајќи дека разговорите со талибанската делегација, која вчера се состана со министерот за надворешни работи Хусеин Емир Абдулајан, беа продуктивни и позитивни, Хатибазаде рече: „Ние во моментот не сме во ситуација на официјално признавање на Талибанците.“