Adham Kako
28 Август 2018•Ажурирај: 28 Август 2018
АНКАРА (AA) – Иранскиот министер за одбрана, Амир Хатами, изјави дека Иран ќе ја даде целата потребна поддршка во реконструирањето на војската на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, јавува Anadolu Agency (AA).
Хатами престојуваше во дводневна официјална посета во Сирија, а за телевизискиот канал „Ал Мејадин“ („Al Meyadin“) рече дека во Дамаск потпишал билатерален договор за воена соработка.
„Реструктурирањето на Сирија моментално е најважното прашање. Најважниот дел од договорот што е потпишан се однесува на реструктуирање на војската и воената индустрија во таа земја“, рече Хатами.
Во согласност со договорот, Иран се обврза дека на сирискиот режим ќе му даде секаков вид воена помош.
„Иранското воено присуство во Сирија е базирано на барањето на сириските власти. Трети земји немаат право да го оспоруваат тоа. Тоа е прашање кое се однесува на нашите две земји, другите немаат право да се мешаат“, порача Хатами.
Минатата недела американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, изјави дека Иран треба да ја повлече својата војска од Сирија.