Esat Fırat
28 Август 2018•Ажурирај: 29 Август 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Можноста за повторен избор на Бенјамин Нетанјаху за премиер на Израел е една од причините која предизвикува ќелавост кај народот во Израел, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста објавена во весникот „Израел хајом“ („Israel HaYom“), Општата служба за здравство на Израел информирала дека некои од причините кои можат да предизвикаат ќелавост кај Израелците се случаите на психолошки притисок, смртта на близок роднина или повторниот избор на Нетанјаху за премиер на Израел.
Во веста се вели дека на листата подготвена од Општата служба за здравство на Израел, психолошкиот притисок се посочува како една од причините што можат да предизвикаат сериозно паѓање на косата, а повторниот избор на Нетанјаху за премиер е даден како пример за еден од факторите што го зголемуваат психолошкиот притисок.
Посочувањето на реизборот на Нетанјаху за премиер како еден од факторите за психолошки притисок што се причина за ќелавост, предизвика големи реакции од страна на поддржувачите на Нетанјаху.
По протестот од приврзаниците на Нетанјаху, Општата служба за здравство на Израел од листата го отстрани премиерот Нетанјаху како еден од факторите за ќелавост, состави нова листа и им се извини на поддржувачите на Нетанјаху.
Општата служба за здравство, која е дел од Министерството за здравство на Израел, на израелските државјани што имаат социјално осигурување им нуди дијагностицирање, консултации, медицински третман и рехабилитациски услуги.