Ali Murat Alhas
20 Јуни 2019•Ажурирај: 20 Јуни 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Иранската Револуционерна гарда денеска соопшти дека срушила извидувачко беспилотно летало на Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението објавено на нејзината веб-страница се вели дека беспилотното летало од типот „RQ-4 Global Hawk“ било соборено откако влегло во иранскиот воздушен простор на јужниот дел на земјата.
Тензиите меѓу САД и Иран се во пораст од минатата година, кога САД еднострано се повлекоа од Договорот за нуклеарната програма склучен во 2015 година меѓу Техеран и петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, плус Германија.