Şenhan Bolelli
20 Јуни 2019•Ажурирај: 20 Јуни 2019
МАДРИД (АА) - Најмалку 22 лица загинаа при потонување на чамец со мигранти на крајниот западен дел на Средоземното Море, јавува Anadolu Agency (AA).
Бродоломот се случил во водите на Алборанското Море, а настрадаа непријавени мигранти кои од Мароко пловеле кон Шпанија.
На чамецот се наоѓале вкупно 49 мигранти кои во вторникот запловиле од мароканскиот град Ал Хосеима.
На местото на несреќата прв стигна траект кој пловел на релација Надор - Мотрил, со кој се спасени 27 мигранти.
Меѓу спасените мигранти се наоѓаат шест потешко повредени кои со хеликоптер се префрлени во болница во шпанска Алмерија. Преостанатите преживеани мигранти се згрижени во пристаништето Мотрил.