Mustafa Melih Ahıshalı
05 Февруари 2020•Ажурирај: 06 Февруари 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Иранскиот лидер, ајатолахот Али Хаманеи, планот на американскиот претседател Доналд Трамп кој самиот си го нарече „Договор на векот“, го опиша како „глупав“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според иранската државна телевизија, во говорот на програмата организирана во главниот град Техеран по повод 41-годишнината од иранската револуција, Хаманеи се осврна на таканаречениот Мировен план на САД.
Истакнувајќи дека планот е осуден на неуспех од неколку аспекти, Хаманеи рече: „Договорот на векот е глупав и злонамерен план што нема да даде резултати. Овој план ќе умре пред да умре Трамп.“
„Носењето на одлуката на САД во име на Палестинците е неприфатлива“, рече Хаманеи, и додаде: „Американците и ционистите подготвија договор што не е поврзан со нив. Палестина е на Палестинците. Кои сте вие да носите одлука за Палестина?“
- „Одете на гласање заради безбедноста на земјата“
Проценувајќи ги општите избори што треба да се одржат во Иран на 21 февруари, Хаманеи ги повика граѓаните да излезат на избори заради безбедноста на земјата.
„Некои луѓе можат да не ме сакаат. Но ако го сакаат Иран, треба да излезат на избори за да придонесат за безбедноста на земјата и за решавањето на проблемите“, нагласи Хаманеи.