Can Erözden
19 Април 2018•Ажурирај: 19 Април 2018
САЛАДИН (АА) - Најмалку шест припадници на терористичката организација ДЕАШ се убиени во операција која ирачките безбедносни сили синоќа ја спроведоа во северниот дел на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Ирачката војска, бригадирот Јахја Ресул, соопшти дека Ирачката војска, полицијата и воздушните сили извршиле успешна антитерористичка операција во Тикрит, којшто е административен центар на покраината Саладин.
„Ирачките сили продолжуваат со одлучната борба против останатите терористички елементи на ДЕАШ“, порача Ресул.
Иако терористичката организација ДЕАШ во северниот дел на Ирак е поразена за време на минатогодишната операција на ирачките сили и меѓународната коалиција, и понатаму во регионот трае борбата против таканаречените притаени ќелии на ДЕАШ.