Adem Şalvarcıoğlu
19 Април 2018•Ажурирај: 20 Април 2018
ЏАКАРТА (АА) - Во земјотресот со јачина од 4,4 степени, кој вчера ја погоди Индонезија, загинаа три лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Ариф Рахман, челникот на Агенцијата за управување со катастрофи на Бањарнегари, изјави дека повредените 21 лице се наоѓаат на лекување.
Рахман истакна дека е направена материјална штета на повеќе од 300 станбени објекти, а најмалку 2.000 лица се евакуирани и сместени на безбедни подрачја.
Земјотресот со јачина од 4,4 степени е регистриран во регионот Бањарнегари на длабочина од 52 километри.