Ali H. M.Abo Rezeg
26 Март 2017•Ажурирај: 27 Март 2017
НИНЕВА (АА) - Во операцијата за ослободување на западниот дел на Мосул обединетите ирачки сили минатата ноќ ослободија два блока од терористите на ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ирачката војска утрово од терористите на ДЕАШ ги ослободи квартовите Вади ал-Аин и Рајм ал-Хадид. Непријателот претрпе големи загуби, а ирачките знамиња утрово се поставени во овие два кварта“, изјави за ирачката државна телевизија генералот Абдул Амир Џаралах.
Паралелно со тоа, ирачката војска претходно соопшти дека е ослободен и квартот Оруба и индустриската зона која се наоѓа во тој дел на Мосул.
Терористите на ДЕАШ од летото 2014 година го контролираат вториот по големина ирачки град Мосул.
По тримесечна операција, здружените ирачки сили поддржани од страна на меѓународната коалиција, во јануари го ослободија источниот дел на Мосул, а на 19. февруари започна операцијата и ослободувањето на центарот на градот, кој се наоѓа на западниот брег на реката Тигар.
Мосул во Ирак и Рака во Сирија се двете најголеми упоришта на терористите на ДЕАШ.