Ekipa
26 Март 2017•Ажурирај: 27 Март 2017
МАДРИД (АА) - Шпанската полиција уапси две лица за шверц на големи количества кокаин во лажни банани, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полициjата, истрагата за шверц на дрога ја започна во ноември, кога е откриено дека таа се пренесува камуфлирана во пратки со банани. Така полицијата меѓу вистински банани пронајде 57 лажни, направени од еден вид смола, во кои имало седум килограми кокаин. Уште 10 килограми кокаин биле скриени во картонски кутии во кои се пренесува овошје.
Полициската акција е спроведена во крајбрежните градови Валенсија и Малага.
Две лица се обвинети за трговија со дрога и за припадност во терористичка организација. Станува збор за државјании на Шпанија.
Полицијата соопшти дека се води истрага уште против едно лице со италијанско државјанство.