İdris Okuducu
23 Јуни 2016•Ажурирај: 25 Јуни 2016
БАГДАД (АА) - Ирачките сили најавија дека наредната недела ќе пуштат стотина цивили на слобода кои беа заробени од страна на припадниците на здружените ирачки сили за време на операциите на ослободување на Фалуџа, под сомнение дека биле поврзани со терористичката организација ДАЕШ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Наредната недела ќе ослободиме стотина цивили кои се заробени без никаква вина за време на војната во Фалуџа. Ослободените ќе бидат вклучени во процес на обнова на Фалуџа откатко во тој град во потполност се воспостави мир и сигурност”, изјави претседателот на Комисијата за обнава на покраината Енбар Абдулатиф ал-Хамим.
Здружените ирачки сили, составени од шиитски милиции и сунитски племенски сили на 23-ти мај покренаа операција на ослободување на Фалуџа, а минатата недела влегоа во центарот на градот каде моментално во тек се судирите на неговите периферии.
Најголемиот проблем при ослободувањето на Фалуџа, која во изминатите две години беше контролирана од страна на терористите на ДАЕШ, беа цивилите кои поради затворените коридори не успеаја да побегнат од градот. Ирачките сили при влегување во градот заробија неколку стотини цивили поради сознание дека бројните терористи на ДАЕШ се обиделе да се сокријат помеѓу цивилите.
Хамим изјави дека сите заробени се наоѓаат моментално во комплексот на воената база во местото Амирије кај Фалуџа.
„ Вчера Советот на безбедност на ОН од ирачката влада побара гаранција дека нема да има кршење на човековите права на фалуџанските цивили, а посебно оние кои се заробени во изминатите денови”, изјави Хамим.