Ekipa
24 Јуни 2016•Ажурирај: 25 Јуни 2016
ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател, Франсоа Оланд, свика итен состанок на Владата, откако граѓаните на Велика Британија на референдумот гласаа за излез од Европската унија, јавува Anadolu Agency (AA).
Од канцеларијата на Оланд објавија дека состанокот е закажан за денеска, а дека темата ќе биде европската иднина.
Оланд не ги коментираше јавно резултатите на вчерашниот референдум во Велика Британија.