Mesut Zeyrek
04 Април 2023•Ажурирај: 05 Април 2023
КЕЛН (АА) - Сеопфатното истражување реализирано за безбедносните сили во Германија, кои особено во последните години се критикувани со сомнение за екстремно десничарски акти, покажа дека дел од полицајците во земјата имаат предрасуди кон муслиманите, пренесува Анадолу.
Според меѓурезултатите на истражувањето спроведено од Федералното министерство за внатрешни работи на земјата, во врска со секојдневниот живот и ставовите на полицискиот персонал, 18 отсто од полицајците изразија став дека муслиманите се „екстремно странци“ кон земјата.
13 отсто од полицајците сметаат дека културата на муслиманите се приспособува на Германија, додека над 50 отсто од нив не се согласуваат со ова мислење. Околу 40 отсто од полицајците рекоа дека се неопределени во оваа насока.
Четири отсто од полицајците вклучени во истражувањето целосно се согласуваат со следниот став: „Голем број муслимани тука понекогаш предизвикуваат да се чувствувам странец во мојата земја“, 13 отсто од нив делумно се согласуваат со тоа, додека 21 отсто рекоа дека се неопределени во врска со ова прашање.
Според резултатите, непредвидливоста на работното време и недостигот на опрема се меѓу факторите на стрес на кои особено често се жалат полицајците.