Şenhan Bolelli
30 Април 2024•Ажурирај: 02 Мај 2024
МАДРИД (АА) - Најмалку 51 нерегуларен мигрант се водат како исчезнати откако нивниот брод потона во Атлантскиот Океан во близина на брегот на Западна Африка додека пловел кон шпанските Канарски Острови, објавија вчера шпанските медиуми, пренесува Анадолу.
Бродот потонал на околу 110 километри од островот Ел Иеро, јави шпанската новинска агенција ЕФЕ, наведувајќи дека шпанската крајбрежна стража спасила деветмина нерегуларни мигранти што се држеле за дел од остатоците, а другите патници се водат како исчезнати.
Преживеаните, сите мажи, изјавија дека два дена чекале помош и дека на бродот што потонал имало 60 луѓе.
Наводно, мигрантите се качиле на брегот на М'Бур во Сенегал пред девет дена.
Соопштено е дека на Канарските Острови во последните 48 часа пристигнале 220 нерегуларни мигранти во четири групи.
Потонувањето на бродот го пријавил танкер што пловел од Бразил кон шпанското пристаниште Картагена.