Saadet Firdevs Aparı
24 Јануари 2023•Ажурирај: 27 Јануари 2023
ЛОНДОН (АА) - Околу 200 деца кои барале азил во Велика Британија исчезнале откако биле сместени во хостели при Владата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Симон Муреј, претставник од британското Министерство за внатрешни работи, во своето обраќање во Домот на лордовите истакна дека исчезнале околу 200 деца кои барале азил во земјата.
Муреј информира дека децата исчезнале откако биле сместени во хостели при Владата.
Според него, поголемиот дел од децата биле следени и пронајдени.
Тој нагласи дека меѓу овие деца се наоѓа и едно девојче, како и најмалку 13 деца под 16 години.
Како што истакна Муреј, 88 отсто од овие деца се со потекло од Албанија.