Barış Seçkin
16 Јули 2024•Ажурирај: 18 Јули 2024
РИМ (АА) - Етна, еден од активните вулкани во јужна Италија, еруптираше и исфрла пепел и лава, јавува Анадолу.
Вулканската активност забележана во последните недели на планината Етна, што се наоѓа на околу 3.300 метри надморска височина на островот Сицилија, продолжува.
Според соопштението на Опсервациската станица Етна на италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (INGV), неодамна активниот кратер на вулканот „Вораџине“ од вчеравечер повторно почнал да исфрла пепел и лава.
Опсервациската станица наведе дека на рабовите на вулканот е забележан проток на лава, а пепелта достигна висина и до околу шест километри.
Пепелта паѓа на населбите околу вулканот - Виагранде и Акакастело.
Покрај тоа, поради вулканската активност во кратерот Вораџине, привремено се прекинати и екскурзиите до точки од 2.500 метри надморска височина и над вулканот Етна.
Етна е најголемиот и најактивниот вулкан во Европа. Неговите чести ерупции често се придружени со големи текови на лава, но ретко претставуваат опасност за населените подрачја.