Giovanni Legorano
28 Мај 2024•Ажурирај: 29 Мај 2024
РИМ (АА) - Италијанската опозициска партија Движење 5 ѕвезди вчера соопшти дека поднела парламентарен предлог со кој се повикува Владата на таа земја формално да ја признае независната држава Палестина, известува Анадолу.
Во барањето на партијата се повикува Владата да усвои јасен став на меѓународно ниво за ова прашање.
„Премиерката Џорџа Мелони повеќе не може да ја крие главата во песок“, порачаа од оваа партија.
Минатата недела Шпанија, Норвешка и Ирска објавија дека ќе ја признаат државата Палестина на 28 мај и ги повикаа и другите европски држави да го следат нивниот пример.