Mustafa Keleş
23 Јули 2017•Ажурирај: 24 Јули 2017
ЊУЈОРК (АА) - Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) во понеделник ќе одржи итен состанок со цел да се намалат тензиите во Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Состанокот ќе се одржи на барање на Шведска, Франција и Египет, потврди на социјалната мрежа постојаниот претставник на Шведска во Советот за безбедност на ОН.
Цел на состанокот е изнаоѓање решение за ситуацијата во Ерусалим. Кризата ескалираше во петокот, минатата недела кога израелските полицајци убија тројца Палестинци пред и во комплексот Ал Акса, што предизвика општ метеж во кој беа повредени повеќе лица, меѓу кои и двајца израелски полицајци, кои починаа на пат кон билница. Израелската полиција по овој настан нареди затворање на комплексот Ал Акса.
Локалното Палестинско население минатата недела не беше во можност да влезе во комплексот Ал Акса од петокот до понеделникот, а израелските безбедносни сили минатата недела пред влезовите во комплексот постави дополнителни контролни пунктови со детектори за метал.
Локалните Палестинци протестираа поради поставените уреди и одбија да влезат во комплексот, а своја верска обврска ја извршуваат пред влезот на џамијата Ал Акса.