Alaattin Doğru
06 Август 2019•Ажурирај: 07 Август 2019
ДАКАР (АА) - На меѓународниот аеродром во Дуала, кој е најголемиот трговски град на Камерун, Западна Африка, запленето е злато во вредност од 2,8 милиони долари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на интернет-страницата „Koaci“, со седиште во Брегот на Слоновата Коска, граничните сили откриле злато во ќебињата кои им биле дадени на патниците во авионот на „Етиопијан ерлајнс“ (Ethiopian Airlines). Граничните сили запленија 60 килограми злато во вредност од 2,8 милиони долари.
Безбедносните извори истакнаа дека е можно златото да било донесено на аеродромот, со цел да биде испратено до Кина или Дубаи.
Во градовите Дуала и Лимбе се наоѓаат бројни резерви на злато, нафта, алуминиум и дијаманти.