Meryem Göktaş
11 Декември 2017•Ажурирај: 11 Декември 2017
ДОХА (АА) - Катар потпиша договор со Велика Британија за купување на 24 борбени авиони „Eurofighter Typhoon“ (Еурофајтер тајфун), јавува Anadolu Agency (AA).
Катарскиот министер за одбрана, Халид бин Мухамед ал-Атија, се состана во Доха со својот британски колега Гавин Вилијамс.
Ресорното министерство на Катар соопшти дека двајцата министри потпишале договор за купување на авиони, како и договор за воспоставување заедничка оперативна флота.
Ќе биде тоа прва заедничка флота од тој вид во регионот, а одраз е на добра билатерална соработка.
Во соопштението се наведува дека заедничката флота ќе ги покрива сите воздушни акции за да се обезбеди максимална приправност, а ќе вклучува и пилоти и технички персонал од двете страни.
Од катарското министерство исто така наведуваат дека потпишаните договори се многу важен фактор за безбедносните мерки за време на Светското фудбалско првенство кое во Катар треба да се одржи во 2022 година.
Иако во соопштението од Доха не ги наведуваат цените и времето на испорака на борбените авиони, британската страна претходно соопшти дека се работи за договор вреден осум милијарди долари.
Во четвртокот властите на Катар потпишаа договор и со Франција за купување на 12 борбени авиони „Rafale“ (Рафал) и 50 авиони „Airbus“ (Ербас).