Ikrame Imane Kouachi
02 Февруари 2025•Ажурирај: 03 Февруари 2025
АНКАРА (АА) - катарскиот премиер и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани денес повика на целосно спроведување на договорот за прекин на огнот во Газа, известува Анадолу.
За време на прес-конференцијата со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во Доха, бин Абдулрахман ал-Тани ја истакна потребата од започнување на втората фаза од договорот за да се донесе стабилност во регионот.
Првата шестнеделна фаза од договорот стапи на сила во Газа на 19 јануари, со што беше запрена геноцидната војна на Израел во палестинсаката енклава во која се убиени повеќе од 47.400 Палестинци, главно жени и деца, од 7 октомври 2023 година.
Договорот за прекин на огнот во три фази вклучува размена на заробеници и одржлив мир, со цел траен прекин на огнот и повлекување на израелските сили од Газа.
Палестинските фракции ослободија 18 заробеници според договорот во замена за стотици палестински затвореници во израелските затвори.