Derya Gülnaz Özcan
02 Февруари 2025•Ажурирај: 03 Февруари 2025
АТИНА (АА) - Поради неодамнешното зголемување на сеизмичката активност на грчкиот остров Санторини, некои активности во затворен простор се откажани, а во училиштата утре наставата е прекината на еден ден, известува Анадолу.
На вонреден состанок што го одржа Советот на општината на островот Санторини, е одлучено да се преземат мерки на претпазливост поради неодамнешното зголемување на сеизмичката активност на островот.
Во тој контекст, откажани се сите активности и состаноци кои денеска и утре биле планирани да се одржат на островот во затворени простории во сопственост на општината.
Како дел од мерките на претпазливост, за утре е откажана наставата во градинките, основните и средните училишта.
Во одлуката од граѓаните се бара да избегнуваат да бидат во подрачата Амуди и Палео Лимена (Старо пристаниште).